САД и понатаму број еден во продажба на оружје во светот, Турција го зачува своето место на листата

Според новото истражување на „СИПРИ“, најголеми производители на оружје во светот и понатаму се САД, а потоа следува Русија, додека турските фирми и оваа година ги зачуваа своите места на листата

1320491
САД и понатаму број еден во продажба на оружје во светот, Турција го зачува своето место на листата

Во период кога продажбата на оружје општо во светот во 2018 година во споредба со претходната (2017) година се зголеми за 4,6 отсто, турските фирми го зачуваа своето место на листата на „најголемите 100 фирми производители на оружје во светот“ во која влегоа во 2017 година.

Според извештајот на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм, со исклучок на кинеските фирми најголемите 100 фирми во секторот во 2018 година оствариле продажба на оружје и воена услуга во вкупен износ од 420 милијарди долари. 

За прв пат од 2002 година досега меѓу првите 5 од 100 фирми, фирмите на САД со продажба од 148 милијарди долари остварија 35 отсто од вкупната продажба на сите земји на листата.

На второ место во индустријата на оружје во светот во 2018 година по САД се наоѓаат фирмите од Русија. 

Руските фирми остварија 8,6 отсто од вкупната продажба на оружје.

Бројот на фирмите од Европа кои влегоа во листата на најголемите 100 фирми, во споредба со 2017 година се зголеми за уште 3 и достигна до 27 и овие фирми во 2018 година во спроедба со претходната година, со раст од 7,8 отсто реализираа продажба на оружје во износ од вкупно 102 милијарди долари.

Велика Британија и покрај тоа што во 2018 година оствари продажба на оружје од 35,1 милијарда долари со што во споредба со претходната 2017 година е забележан пад од 4,8 отсто, понатаму продолжува да е производител на оружје број еден во Европа. 

Турските фирми, Турската компанија за Воена електронска индустрија „АСЕЛСАН“ и Турската компанија за воздухопловна и вселенска индустрија „ТУСАШ“ и оваа година ги зачуваа своите места на листата.

Вкупната продажба на овие две турски фирми со раст од 22 отсто достигна до 2,8 милијарди долари.

На листата нема информации во врска со оставрената продажба на оружје од страна на кинеските фирми, а поради недоверливите статистички податоци, односно недостигот од веродостојни податоци.

Инаку, Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм од 1966 година кога е формиран, подготвува истражувања, извештаи и анализи во сфери како што се конфликти, наоружување, контрола на оружјето и разоружување. 



Слични вести