Аеродромот Есенбога во Анкара за 11 месеци во 2019 г. го користеа вкупно 12 милиони 719 илјади 565 патници

Бројот на авиопатници на кои им беше пружана услуга заклучно со месец ноември оваа (2019) година на аеродромот Есенбога во Анкара изнесува вкупно 12 милиони 719 илјади 565 лица

1321065
Аеродромот Есенбога во Анкара за 11 месеци во 2019 г. го користеа вкупно 12 милиони 719 илјади 565 патници

Според статистичките податоци на Генералната дирекција на Државната управа на аеродроми (ДХМИ) за аеродромите за месец ноември, бројот на авиопатници на аеродромот Есенбога во Анкара на домашни линии изнесува 876 илјади 964 лица, на меѓународни линии 165 илјади 88 лица, а вкупниот број на авиопатници во месец ноември изнесува 1 милион 42 илјади 52 авиопатници.

Во месец ноември на аеродромот Есенбога во Анкара на домашни линии слетаа и полетаа 6.164 авиони, на меѓународни линии 1.406 авиони, односно слетаа и полетаа вкупно 7.570 авиони.

Вкупниот товар (карго, пошта, багаж) пак, изнесува 8.825 тони.

Бројот на авиопатници на кои им беше пружана услуга заклучно со месец ноември оваа (2019) година, за 11 месеци, на аеродромот Есенбога во Анкара, изнесува вкупно 12 милиони 719 илјади 565 лица.

Исто така за 11 месеци е превезен товар (карго, пошта, багаж) од 111.353 тони.



Слични вести