Од Ризе за 11 месеци е остварен извоз на чај во износ од над 7 милиони долари

Од Ризе во периодот јануари-ноември во 2019 година, за 11 месеци, е реализиран извоз на чај во износ од 7 милиони 180 илјади 187 долари

1319128
Од Ризе за 11 месеци е остварен извоз на чај во износ од над 7 милиони долари

Од Ризе во периодот јануари-ноември во 2019 година е остварен  извоз на чај во износ од 7 милиони 180 илјади 187 долари.

Потпретседателот на Управниот одбор на Унијата на извозници од Црноморската област и претседател на Комитетот на секторот за чај Шабан Тургут истакна дека Турција за 11 месеци оствари извоз на чај во износ од 13 милиони 264 илјади 601 долар.

Велејќи дека Ризе се наоѓа на прво место по продажбата на чај, Шабан Тургут наведе дека во периодот јануари-ноември од Ризе е остварен извоз на 2.456 тони чај и се заработени 7 милиони 180 илјади 187 долари.

"Од остварениот извоз во истиот период минатата година беа заработени приходи од 6 милиони 250 илјади 58 долари. Ако ги споредиме бројките, во остварениот извоз на чај од Ризе во овој период според истиот период минатата година од аспект на количината е остварен раст од 8 отсто, а од аспект на вредноста раст од 15 отсто." - рече Шабан Тургут.



Слични вести