Основачите на Гугл ја предадоа управата на компанијата

За нов висок раководител на компанијата Сундар Пичаи ќе биде нов извршен директор на компанијата, додека за нов претседател на Управниот одбор нема да се именува никој

1317566
Основачите на Гугл ја предадоа управата на компанијата

Сергеј Брин и Лари Пејџ, основачите на американската гигантска компанија Гугл поднесоа оставка од раководните функции во подружницата Алфабет на компанијата.

Според соопштението кое беше објавено од страна на компанијата, Сергеј Брин претседателот на Управниот одбор на компанијата Алфабет и високиот раководител Лари Пејџ поднесоа оставка.

За нов висок раководител на компанијата Сундар Пичаи ќе биде нов извршен директор на компанијата, додека за нов претседател на Управниот одбор нема да се именува никој.

Брин и Пејџ ќе продолжат да бидат членови на Управниот одбор на компанијата Алфабет.

Големо внимание привлече податокот дека промената на управата на компанијата и поднесувањето оставки на управниот кадар се поистоветува со периодот кога започна истрага од страна на американските и европските регулаторни установи во врска со занемарувањето на заштитата на личните податоци и монополот на пазарот.

Пејџ и Брин првпат моторот за пребарување Гугл го проектираа во 1996 година како истражувачки проект по компјутерски науки на универзитетот „Станфорд“ во САД.

На 4 септември „Гугл“ беше формиран како приватна компанија, а на 19 август 2004 година акциите на фирмата беа понудени на пазарот.

Вредноста на Алфабет која е матична компанија на Гугл се проценува дека изнесува околу 893 милијарди долари.



Слични вести