Економско предупредување од претседателката на Европската Централна банка Лагард за Еврозоната

Претседателката на Европската Централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард истакна дека стагнацијата и неизвесноста во светската економија ја намалува побарувачката од стоки и услуги во Еврозоната

1316363
Економско предупредување од претседателката на Европската Централна банка Лагард за Еврозоната

Претседателката на Европската Централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард во говорот што го одржа во Комитетот за економија и финансиски прашања при Европскиот парламент (ЕП) потсети дека растот во Еврозоната останува слаб.

Лагард истакна дека стагнацијата и неизвесноста во светската економија ја намалува побарувачката од стока и услуги во Еврозоната. 

Потсетувајќи дека долгорочното економско забавување влијае на развојот на цените, Лагард рече: "Општиот изглед на светската економија продолжува да е стагнирачки и неизвесен. Оваа состојба заедно со тоа што ја намалува побарувачката од стоки и услуги во Еврозоната, влијае и на работата и инвестициите."

Претседателката на Европската Централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард освен тоа нагласи дека ќе биде корисно доколку по пат на правилни регулативи и контрола бидат намалени ризиците на развоите како крипто пари и крипто парични единици со фиксна цена.



Слични вести