Рекорден број туристи во Анталија: За 11 месеци годинава градот го посетија над 15 милиони туристи

Според податоците на Генералната дирекција за култура и туризам на Анталија, градот кој мината година со 13 милиони 642 илјади туристи го собори рекордот на сите времиња, оваа година за 11 месеци пречека над 15 милиони туристи

Рекорден број туристи во Анталија: За 11 месеци годинава градот го посетија над 15 милиони туристи

Бројот на туристи кои дојдоа во познатиот туристички центар на брегот на Средоземното Море, Анталија, која привлекува туристи од сите страни на светот, за 10 месеци во периодот јануари-ноември годинава во споредба со истиот период минатата година со раст од 17 отсто изнесува над 15 милиони.

Според податоците на Генералната дирекција за култура и туризам на Анталија, градот кој мината година со 13 милиони 642 илјади туристи го собори рекордот на сите времиња, оваа година за 11 месеци пречека над 15 милиони туристи.

Ако се погледне кон распределбата на бројот на туристите кои ја посетија Анталија во текот на 11 месеци оваа година, на прво место се наоѓаат Русите. Така во периодот 1 јануари-30 ноември од Русија се дојдени вкупно 5 милиони 524 илјади 160 руски туристи. Во бројот на руските туристи споредено со истиот единаесетмесечен период минатата година, е остварен раст од 16 отсто.

Од Германија која се наоѓа на второ место се дојдени 2 милиони 602 илјади 725 туристи и на германскиот пазар е постигнат раст од 15,5 отсто.

Распоредот на другите земји редум според бројот на испратени туристи во Анталија е вака: Украина, Англија, Полска, Холандија, Романија, Казахстан, Република Чешка и Шведска.



Слични вести