Извозот на Турција во ноември изнесува 16 милијарди 214 милиони долари

Лани стапката на покриеност на увозот со извозот во изминатите 11 месеци изнесуваше 76,6 отсто, додека оваа година се зголеми на 86,8 отсто

Извозот на Турција во ноември изнесува 16 милијарди 214 милиони долари

Министерката за трговија Рухсар Пекџан рече дека извозот на Турција во ноември изнесуваше 16 милијарди 214 милиони долари.

Министерката Пекџан во Истанбул ги објави податоците за извозот на Турција за ноември.

„Со објавувањето на денешните податоци за економскиот раст во третиот квартал преминавме кон позитивен раст и можам да кажам дека до крајот на годината ќе имаме можност да видиме многу подобри резултати.

Извозот на Турција во ноември изнесуваше 16 милијарди 214 милиони долари. Ова е најголемиот 4-ти највисок раст во изминатите 11 месеци.

Извозот на Турција во изминатите 11 месеци во споредба со истиот период лани достигна раст од 1,77 отсто односно 165 милијарди 67 милиони долар, што претставува јасен показател за силниот и поволен тек. Надворешниот трговски дефицит во изминатите 11 месеци со сериозен пад од 51,84 отсто опадна на 25 милијарди 162 милиони долари. Лани стапката на покриеност на увозот со извозот во изминатите 11 месеци изнесуваше 76,6 отсто, додека оваа година се зголеми на 86,8 отсто.



Слични вести