Економијата на Турција на крајот на третиот квартал постигна раст од 0,9 насто

Земјоделскиот сектор во третиот квартал годинава во споредба со истиот период лани постигна раст од 3,8 отсто

Економијата на Турција на крајот на третиот квартал постигна раст од 0,9 насто

Економијата на Турција на крајот на третиот квартал постигна раст од 0,9 насто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави податоците за Бруто домашниот производ (БДП) за третиот квартал (јули-септември).

Според податоците, турската економија во третиот квартал годинава во споредба со истиот период лани постигна раст 0,9 отсто.

Земјоделскиот сектор во третиот квартал годинава во споредба со истиот период лани постигна раст од 3,8 отсто, додека индустрискиот сектор покажа раст од 1,6 отсто.

Додадената вредност на услужниот сектор кој се состои од трговски, транспортни услуги, ноќевање и јадење покажа раст од 0,6 отсто.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во објавата преку профилот на твитер се осврна на податоците за економскиот раст и прогнозите за иднина.

„По растот што го постигнавме на квартално ниво, Турција премина и кон раст на годишно ниво. Сметаме дека во постигнувањето на успехот во периодот на балансирање голема улога одиграа намалувањето на трошоците, зголемувањето на индексот на доверба и растот на годишна база во индустријата како резултат на влијанието на процесот на промените.

Водечките индикатори за четвртиот квартал покажуваат дека продолжува да се зголемува забрзувањето на растот. За остварување на предвидената цел од 5 отсто раст,  ќе се фокусираме кон зголемување на додадената вредност на индустријата, интензивирање на активностите за закрепнување на инвестициите, зајакнување на производствениот и секторот на вработување“ рече министерот Албајрак.



Слични вести