Во Истанбул средба на купувачи од 51 земја за турскиот сектор за домаќински и кујнски прибори

Манифестацијата „Invitation Only“ („Само покана“) во организација на Здружението на индустријалците и извозниците на домаќински и кујнски прибори (EVSİD) оваа година ќе се одржи од 20 до 23 ноември во хотелот „Hilton Convention Center“ во Истанбул

1306460
Во Истанбул средба на купувачи од 51 земја за турскиот сектор за домаќински и кујнски прибори

Во Истанбул во наредните денови ќе дојдат 81 купувач од 51 земја од светот заинтересирани за турскиот сектор за домаќински и кујнски прибори.

Манифестацијата „Invitation Only“ („Само покана“) во организација на Здружението на индустријалците и извозниците на домаќински и кујнски прибори (EVSİD) оваа година ќе се одржи од 20 до 23 ноември во хотелот „Hilton Convention Center“ во Истанбул.

Според соопштението на Здружението на индустријалците и извозниците на домаќински и кујнски прибори (EVSİD), на овогодишната манифестација „Invitation Only“ („Само покана“) кој ги состанува купувачите од целиот свет со турскиот сектор за домаќински и кујнски прибори, ќе дојдат 81 купувач од 51 земја.

На церемонијата на свеченото отворање на манифестацијата ќе учествуваат и претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле и претседателот на Здружението на индустријалците и извозниците на домаќински и кујнски прибори (EVSİD) Бурак Ондер.



Слични вести