Индустриското производство на Турција во септември со раст од 3,2 отсто

Индустриско производство во септември годинава (2019) во споредба со истиот месец минатата (2018) година оствари раст од 3,4 отсто, а споредено со претходниот месец раст од 3,2 отсто

1306568
Индустриското производство на Турција во септември со раст од 3,2 отсто

Индустриското производство на Турција во месец септември оваа (2019) година на месечна база оствари раст од 3,2 отсто, а на годишна база раст од 3,4 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство за месец септември 2019 година.

Според тоа, индустриско производство во септември годинава (2019) во споредба со истиот месец минатата (2018) година оствари раст од 3,4 отсто, а споредено со претходниот месец раст од 3,2 отсто.

Кога ќе се анализираат подсекторите во индустријата, индексот во секторите на рударството и каменоломството во септември во споредба со истиот месец минатата година забележа раст од 5,7 отсто, индексот во секторот на производствената индустрија е со раст од 3,4 отсто, а индексот во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација оствари раст од 0,4 отсто.

Индексот во секторите на рударството и каменоломството во септември во споредба со претходниот месец оствари раст од 7,5 отсто, индексот во секторот на производствената индустрија раст од 3,3 отсто, а индексот во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација опадна за 1,4 отсто.



Слични вести