Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан изјави во Коџаели: Северна Македонија е врата за турските компании кон Европа

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции на Северна Македонија Елвин Хасан изјави во градот Коџаели дека Северна Македонија е врата за турските компании кон Европа

1306071
Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан изјави во Коџаели: Северна Македонија е врата за турските компании кон Европа

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции на Северна Македонија Елвин Хасан рече дека Северна Македонија е земја која секогаш ја чувствува поддршката на Турција.

При посетата на Џемал Каплан, претседателот на Здружението на новинари на Коџаели, министерот Хасан истакна дека е единствениот министер во Владата на Северна Македонија со турско потекло.

Истакнувајќи дека е одговорен за странски инвестиции, Хасан рече дека целта на неговата посета е да се унапредат односите помеѓу Турција и Северна Македонија.

Хасан, посочувајќи дека турската заедница во Северна Македонија и иселениците во Коџаели претставуваат мост за зајакнување на односите помеѓу двете земји, рече дека е многу задоволен што се среќава со своите сонародници во Коџаели и Турција.

- „Ние сме земја во која се чувствува поддршката на Турција"

Нагласувајќи дека во градот ќе оствари разни посети, министерот без ресор задолжен за странски инвестиции во Северна Македонија Елвин Хасан наведе дека во Стопанската комора „Коџаели“ и Трговската комора „Коџаели“, ќе ги промовира можностите за инвестирање во Северна Македонија.

Тој, истакнувајќи дека Северна Македонија за кратко ќе стана 30. земја членка на НАТО, рече дека очекуваат за започнат преговорите за членството во Европската Унија (ЕУ) и дека напредуваат по тој пат.

„Ние сме земја во која се чувствува поддршката на Турција“, нагласи Хасан, додавајќи дека добрите односи со Турција продолжуваат од 1991 година.

Посочувајќи дека сакаат подобрување на економските односи, Хасан истакна:

„Во нашата земја има многу странски инвеститори. Има и турски инвеститори. Тука ќе имаме средби за да бидат зголемени инвестициите. Во нашата земја имаме две инвестиции од Гебзе. Утре ќе ги посетиме и нив. Се надевам дека оваа бројка за кратко време ќе биде зголемена, затоа што сакаме добрите односи помеѓу двете земји да ги пренесеме во сите полиња. Било тоа да е економско, социјално, културно или образовно поле. Нашите врски се засноваат на минатото. Имаме длабоки, историски врски. Подготвени сме да ги направиме потребните чекори. За домашните и странските инвеститори од домашниот буџет се одвоени средства како никогаш досега. Средства и за изградба на објекти и за набавка на нови машини.“

Нагласувајќи дека Северна Македонија е врата за турските компании кон Европа, Хасан рече дека се наоѓа на средината на Балканот.

„Република Северна Македонија е мала земја, има мало население, но со европската интеграција мислам дека ќе се создадат сериозни можности за турските компании. Гледаме дека има многу празнини во однос на индустријализацијата на земјата. Може да се направат инвестиции во многу полиња. Автомобилска индустрија, фармацевтското производство, секторот на услуги. Ние сме земјоделска земја“, додаде Елвин Хасан.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции на Северна Македонија Елвин Хасан ги покани компаниите од Турција да инвестираат во Северна Македонија. (Агенција Анадолија „AA“).



Слични вести