Зголемен извозот на нафта на Русија

Но покрај зголемениот извоз, како последица на бранувањата и намалувањето на цената на нафтата на меѓународниот пазар, дојде до намалување на приходите

1304270
Зголемен извозот на нафта на Русија

Извозот на нафта на Русија во првите 9 месеци на годинава во споредба со истиот период лани се зголеми за 3,3 отсто, додека гледано од аспект на заработувачката, истата се намали за 4 отсто.

Според податоците на Федералната царинска служба на Русија (ФТС), извозот на нафта на земјата во периодот од јануари заклучно со септември се зголеми за 3,3 отсто и достигна 197,6 милиони тони. Но покрај зголемениот извоз, како последица на бранувањата и намалувањето на цената на нафтата на меѓународниот пазар, дојде до намалување на приходите.

Приходите со кои се стекна Русија во овој период, во споредба со истиот период лани се намалија за 4 отсто односно на 90,4 милијарда долари.

Додека извозот на јаглен на Русија во наведениот период се зголеми за 4,9 отсто и достигна 153,5 милиони тони, износот на надворешната продажба остана константен и изнесуваше 12,3 милијарди долари.

Лани Русија од извозот на нафта оствари приходи од 129 милијарди долари.



Слични вести