Во Анталија соборен рекордот на сите времиња во бројот на руските туристи
Анталија оваа година во периодот од 1 јануари до 31 октовмри, за 10 месеци, пречека вкупно 5 милиони 414 илјади 602 руски туристи со што е соборен рекордот на сите времиња

Во Анталија на средоземноморскиот брег, едниот од најзначајните туристички центри на Турција, оваа (2019) година во периодот од 1 јануари до 31 октовмри, за 10 месеци, се пречекани 5 милиони 414 илјади 602 руски туристи со што е соборен рекордот на сите времиња.
Анталија, се истакнува како привлечен центар каде што се излегува на историска прошетка низ овдешните антички градови и кој ги привлекува и маѓепсува посетителите со морето, песокта и сонцето, извонредно убавите заливи, кањоните, пештерите и водопадите, со што пречекува милиони туристи.
Анталија се наоѓа меѓу првите места кои што се избираат за одмор од страна на туристите, а исто такасе споменува со безброј соборените рекорди и од аспект на бројот на посетители.
Така, во бројот на странските туристи кои го посетија градот оваа (2019) година во периодот од 1 јануари до 31 октовмри, за 10 месеци, во споредба со истиот десет месечен период минатата (2018) година е остварен раст од 17,4 отсто.
Според тоа, Анталија во наведениот период, за 10 месеци, во оваа година го посетија вкупно 14 милиони 136 илјади 150 странски туристи.
На дневна и месечна база во бројот на туристи кои дојдоа во градот е соборен рекордот на сите времиња, а најбројни беа руските туристи.
Минатата (2018) година Анталија ја посетија вкупно 4 милиони 801 илјада, а во периодот од 1 јануари до 31 октомври 4 милиони 681 илјада 299 руски туристи.
Во периодот од 10 месеци (1 јнуари-31 октомври) оваа година пак, од Русија во Анталија пристигнаа 5 милиони 414 илјади 602 туристи.