Турција, после Кина втора голема база за производство на бела техника во светот

Турција, после Кина е дојдена во положба на втора база за производство на бела техника во светот и сите значајни производители на бела техника во светот произведуваат во Турција

1300825
Турција, после Кина втора голема база за производство на бела техника во светот

Турција, во производството на бела техника после Кина е дојдена во положба на втора голема производствена база во светот.

Претседателот на Групата за издржлива потрошувачка на Холдингот Коч Фатих Кемал Ебичлиоглу во дадената изјава за Новинската агенција Анадолија "АА" (Anadolu Agency-AA) истакна дека Турција постигна голем напредок во технологијата на производство на бела техника. 

Ебичлиоглу нагласи дека сите значајни производители на бела техника во светот произведуваат во Турција.

"После Кина сме дојдени во положба на втора голема база за производство во светот. И значаен дел од производството го испраќаме за извоз. Говориме за сектор чиј потенцијал за извоз е многу висок. Нашиот годишен извоз  некаде околу 75 милијарди лири. Сите значајни производители во светот произведуваат во нашата земја. Турција располага со специфичност којашто ја прави поразлична во својот регион." - рече Ебичлиоглу.

Тој нагласи дека секторот на бела техника во последно време со концептите на умни домови е преобразен во сектор во кој се говори за производи со напредна технологија.

Појаснувајќи дека како сектор гледаат позитивно на наредната 2020 година, Фатих Кемал Ебичлиоглу рече: "Ние како сектор во Турција приближно 59 отсто од нашиот вкупен извоз го остваруваме во европските земји. Многу е тешко да се влезе во овој пазар. Меѓутоа, Турција располага со значаен дел на овој пазар. Гледаме позитивно на 2020 година. Нашето очекување е во правец на тиа дека 2020 година ќе биде попозитивна година од 2019 година."



Слични вести