Инфлационата стапка во Турција на најниско ниво во последните 3 години

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак информира дека доловена најниската инфлациона стапка во последните 3 години

1300038
Инфлационата стапка во Турција на најниско ниво во последните 3 години

Инфлационата стапка во Турција опадна на најниско ниво во последните 3 години.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), ги соопшти податоците за инфлационата стапка за месец октомври. 

Годишната инфлациона стапка во октомври од 9,26 отсто опадна на 8,55 отсто.

Со тоа, годишната инфлациона стапка опадна на најниско ниво од декември 2016 година наваму.

Индексот на потрошувачки цени во октомври оваа година во споредба со претходниот месец септември се зголеми за 2 отсто.

Индексот на домашните производствени цени во месец октомври во споредба со претходниот месец септември, оствари раст од 0,17 отсто.

На годишна база пак, изнесуваше 1.70 отсто.

Највисок пораст е постигнат во цената на машки џемпер, а највисок пад во цените е доживеан во домашните патувања и лимонот.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак правејќи проценка на сиве овие изнесени податоци на својата сметка на социјалната мрежа Твитер, нагласи дека во цените на потрошувачки цени е доловено најниското ниво во инфлационата стапка во последните 3 години.

Велејќи "Нашите чекори за борба против инфлацијата ги даваат своите плодови", министерот Берат Албајрак напомена дека ќе биде продолжен истиот одлучен став и ќе бидат доловени процентите коишто се поставени како цел за крајот на годината.



Слични вести