Извозот на Турција во октомври изнесува 16 милијарди 336 милиони долари

Турција во месец октомври оваа (2019) година оствари извоз во висина од 16 милијарди 336 милиони долари

1299077
Извозот на Турција во октомври изнесува 16 милијарди 336 милиони долари

Извозот на Турција во месец октомври изнесува 16 милијарди 336 милиони долари.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан, со учество и на претседателот на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) Исмаил Ѓулле на состанокот што се одржа во еден хотел во населеното место Памуккале кај градот Денизли ги соопшти бројките од остварениот извоз во месец октомври. 

Министерката Пекџан во говорот што го одржа овде рече: "Нашиот извоз во месец октомври изнесува 16 милијарди 336 милиони долари. Нашиот кумулативен извоз за 10 месеци со раст од 2, 1 отсто изнесува 148 милијарди 842 милиони долари."

Правејќи проценка на бројките на остварениот извоз, министерката за трговија Рухсар Пекџан го рече следното: "Овие бројки и позитивниот перформанс продолжуваат да влеваат верба на нашата економија и извозот."



Слични вести