Министерот Албајрак: Во месец октомври очекуваме намалување на инфлационата стапка на 8 отсто

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак соопшти дека се очекува инфлационата стапка овој месец, во октомври, да се намали на 8 отсто

1298036
Министерот Албајрак: Во месец октомври очекуваме намалување на инфлационата стапка на 8 отсто

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во градот Малатја се состана со деловниот свет и во оваа пригода истакна дека намалувањата на инфлационата стапка влијаат позитивно на економијата.

Албајрак соопшти дека се очекува инфлационата стапка во овој месец, во октомври, да се намали на 8 отсто.

Привлекувајќи внимание на позитивните рефлексии на Новата економска програма, министерот Албајрак напомена дека оваа година ќе се оствари инфлациона стапка пониска од онаа минатата година.

„Турција ќе продолжи да ја поддржува индустријата и реалниот сектор, а чистото производство е приоритет за растот. Покрај успехот во намалувањето на инфлацијата, Централната банка неодамна значително ги намали каматните стапки од 24 отсто на 14 отсто“ - рече Албајрак.

Нагласувајќи дека земјата во месец октомври очекува инфлација од 8 отсто, министерот Албајрак рече: „Во наредните денови, Турција ќе ја сведе инфлацијата на едноцифрени бројки со реформите што ќе ја зголемат конкуренцијата и продуктивноста на пазарот на стоки и услуги. Индексот на потрошувачки цени се искачи до ниво од 25,2 отсто, денеска очекувањата се на ниво од 9,3 отсто, додека почнувајќи од месец октомври ќе ја видиме бројката од 8 отсто.“

„И покрај најголемите три напади врз нашата валута во историјата, заканите и санкциите, чекор по чекор се движиме кон нашите цели,“ - истакна министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и додаде дека 2019 година ќе биде завршена со позитивен раст.



Слични вести