Турција од извозот на цитрусово овошје заработи над 64 милиони долари: Најголем извоз е остварен за Русија

Од реализираниот извоз од 132 илјади 941 тон цитрусово овошје од Турција во периодот 1 септември-25 октомври се заработени приходи во износ од 64 милиони 376 илјади 581 долар

1294029
Турција од извозот на цитрусово овошје заработи над 64 милиони долари: Најголем извоз е остварен за Русија

Во годинашнава сезона во периодот 1 септември-25 октомври од Турција е остварен извоз на цитрусово овошје во 57 земји ширум светот.

Од реализираниот извоз од 132 илјади 941 тон цитрусово овошје од Турција во периодот 1 септември-25 октомври се заработени приходи во износ од 64 милиони 376 илјади 581 долар.

На прво место во извозот на цитрусово овошје во 57 земји во наведениот период се наоѓа Русија.

Во годинашнава сезона во периодот 1 септември-25 октомври во Русија е остварен извоз на 39 илјади 943 тони цитрусово овошје и се заработени приходи во износ од 20 милиони 768 илјади 260 долари.

По Русија следуваат Ирак со 8 милиони 795 илјади 190 доалри и Украина со 6 милиони 565 илјади 102 долари.

Во наведниот период од Турција за Русија беа извезени најмногу мандарини.

Така во годинашнава сезона во периодот 1 септември-25 октомври од Турција за Русија се продадени 25 илјади 372 тони мандарини и се заработени 11 милиони 776 илјади 14 долари.

Во овој период, за Русија исто така се испратени и лимони, грејфурт и портокали.

 



Слични вести