Фуат Октај: Се има за цел во 2022 година невработеноста да се намали на 9,8 отсто

Потпретседателот Фуат Октај истакна дека согласно Новата економска програма се има за цел во наредните 3 години обезбедување на услови за вработување на 3,2 милиони лица и намалување на невработеноста во 2022 година на 9,8 отсто

1294215
Фуат Октај: Се има за цел во 2022 година невработеноста да се намали на 9,8 отсто

Потпретседателот Фуат Октај, по кусите излагања на портпаролите на политичките партии во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), ја започна презентацијата на предлог-законот за буџетот на централната власт за 2020 година и предлог-законот за конечната сметка на централната власт за 2018 година.

Октај истакна дека согласно Новата економска програма се има за цел во наредните 3 години да се зголеми вработувањето за 3,2 милиони лица и невработеноста во 2022 година да се намали на 9,8 отсто.

Нагласувајќи дека ќе продолжи со одлучност финансиската дисциплина и во наредниот период, потпретседателот Фуат Октај рече: „Во тие рамки, ќе бидат ставени во примена структурални измени кои што ќе обезбедат продуктивно искористување на изворите и зголемување на заштедите во утврдените сфери.“



Слични вести