Албајрак: Турција според Дуинг бизнис индексот на Светската банка се искачи на 33-то место

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека според Дуинг бизнис индексот на Светската банка Турција од 60-тото место минатата година се искачи на 43-то место, а потоа според извештајот за 2020 година се искачи на 33-то место

1293705
Албајрак: Турција според Дуинг бизнис индексот на Светската банка се искачи на 33-то место

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека во Дуинг бизнис индексот (Doing Business Index) со кој се мери деловната клима во земјите и кој се подготвува од страна на Светската банка, Турција минатата година искачувајќи се за 17 места од 60-тото место се искачи на 43-то место.

Албајрак напиша дека според извештајот за 2020 година којшто е објавен денеска, Турција искачувајќи се за уште 10 места од 43-тото место се искачи на 33-то место. 

„Им честитам на сите мои другари соработници, сите министерства и нашите вработени во јавните институции, како и Унијата на турските комори и берзи (ТОББ) кои имаат придонес и заслуга во реформските работи за подобрување на деловната клима коишто се водат под водство на нашето министерство. Ќе ги продолжиме реформите. Ќе ги унапредиме придобивките во сфери како што се почнување со бизнис (деловна работа), плаќање данок и надворешна трговија. Особено обезбедувајќи уште повеќе намалување на трошоците и зголемување на продуктивноста во деловниот живот (бизнисот) ќе ја издигнеме на највисоко ниво инвестициската клима на Турција.“ - напиша министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер.



Слични вести