Раст на индексот на доверба на потрошувачите во октомври

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека индексот на доверба на потрошувачите во октомври оваа (2019) година во споредба со минатиот месец (септември), оствари раст од 2,1 отсто

1293117
Раст на индексот на доверба на потрошувачите во октомври

Индексот на доверба на потрошувачите во октомври оваа (2019) година во споредба со минатиот месец (септември), оствари раст од 2,1 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) го соопшти индексот на доверба на потрошувачите  за месец октомври 2019 година.

Сезонски прилагодениот индекс на доверба на потрошувачите кој што се пресметува од анкетните резултати на трендот на потрошувачите во соработка на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и Централната банка на Република Турција, во октомври оваа (2019) година во споредба со минатиот месец (септември) постигна раст од 2,1 отсто.

Според тоа, вредноста на индексот во септември изнесуваше 55,8 отсто, додека во октомври се зголеми на 57 отсто.

Индексот на очекуваната финансиска состојба на домаќинството, во наведениот месец исто така се зголеми за 1,1 отсто и изнесува 74,8 отсто.

 



Слични вести