Фолксваген: „Не бараме некоја друга земја или место за формирање на новата фабрика“

Германскиот гигант Фолксваген во Маниса, ја формираше компанијата „Фолксваген Туркеј Отомотив Санаји ве Тиџарет АШ“ со капитал од 943,5 милиони лири

1293493
Фолксваген: „Не бараме некоја друга земја или место за формирање на новата фабрика“

Германскиот автомобилски производител Фолксваген најави дека не бараат алтернатива за новиот производствен објект кој планираат да го отворат.

Портпаролот на Фолксваген Лесли Ботге во изјавата за печатот рече:

„Активно го следиме случувањата. Производствениот објект кој планираме да го изградиме во Турција засега ќе почека. Исто така не сме во некоја активна потрага по алтернативно место или земја за изградба на новиот производствен објект.“

Германскиот гигант Фолксваген со цел да ги произведе новиот модели на Пасат и Шкода Суперб во Маниса, ја формираше компанијата „Фолксваген Туркеј Отомотив Санаји ве Тиџарет АШ“ со капитал од 943,5 милиони лири.



Слични вести