Нов рекорд на Анталија во туризмот: За прв пат во својата историја пречека над 14 милиони туристи

Бројот на туристите кои дојдоа во Анталија во периодот 1 јануари-15 октомври оваа (2019) година достигна до 14 милиони 54 илјади 887 лица

1291277
Нов рекорд на Анталија во туризмот: За прв пат во својата историја пречека над 14 милиони туристи

Анталија која се наоѓа меѓу најзначајните туристички дестинации во светот за прв пат во својата историја пречека 14 милиони туристи.

Во Анталија е соборен нов рекорд во туризмот.

Бројот на туристите кои дојдоа во Анталија во периодот 1 јануари-15 октомври оваа (2019) година достигна до 14 милиони 54 илјади 887 лица.

Во истиот период минатата година оваа бројка изнесуваше 12 милиони 58 илјади туристи.

Меѓу туристите кои дојдоа во градот кој пречека (угости) граѓани од 193 земји во светот, на прво место со 5 милиони 171 илјади лица се наоѓаат руските туристи.

По руските туристи следуваат туристите од Германија од каде дојдоа 2 милиони 347 илјади лица.

Во Анталија дојдоа 776 илјади гости од Украина, 656 илјади од Англија, 516 илјади од Полска и 397 илјади од Холандија.

До крајот на годината нашиот познат туристички центар на средоземноморскиот брег Анталија се очекува да пречека 16 милиони туристи.

Во меѓувреме, е продолжена и туристичката сезона во Анталија.

Туристичкиот интензитет кој што претежно е во периодот помеѓу јануари-септември оваа година ги опфати и април и октомври.



Слични вести