Од извозот на суви кајсии од градот Малатја за 9 месеци се заработени 174 милиони долари

Според добиени информации од Трговската берза на Малатја, од градот Малатја во периодот јануари-септември оваа (2019) година, за 9 месеци, е остварен извоз на 68 илјади тони суви кајсии и од тоа се заработени 174 милиони долари

1286369
Од извозот на суви кајсии од градот Малатја за 9 месеци се заработени 174 милиони долари

Од градот Малатја во периодот јануари-септември оваа (2019) година е остварен извоз на 68 илјади тони суви кајсии и од тоа се заработени 174 милиони долари.

Според добиени информации од Трговската берза на Малатја, е остварен раст во извозот на суви кајсии во градот каде што се реализира 85 отсто од производството на суви кајсии во светот.

Кајсиите од Малатја се трет производ за коишто по баклавата од Газиантеп и смоквите од Ајдин е добиена регистрација на ознака за потекло т.ј. географска ознака кај Европската унија (ЕУ).

Така од остварениот извоз на кајсии од Малатја за 9 месеци годинава (2019) се заработени 174 милиони долари.



Слични вести