Турската одбранбена и воздухопловна индустрија за 9 месеци со рекорден извоз од 1,8 милијарди долари

Во периодот од 9 месеци оваа година извозот на Турската одбранбена и воздухопловна индустрија во споредба со истиот период од 9 месеци минатата (2018) година со раст од 37,7 отсто се зголеми на 1 милијарда 855 милиони долари

1282398
Турската одбранбена и воздухопловна индустрија за 9 месеци со рекорден извоз од 1,8 милијарди долари

Турската одбранбена и воздухопловна индустрија собори рекорд во остварениот извоз во период јануари-септември во оваа година.

Во периодот од 9 месеци оваа година извозот на секторот во споредба со истиот период од 9 месеци минатата (2018) година со раст од 37,7 отсто се зголеми на 1 милијарда 855 милиони долари.

Во овој остварен извоз значајно место заземаат беспилотните летала и копнените и воздушните возила произведени од страна на Турската одбранбена и воздухопловна индустрија.

Турските фирми и компании реализираат извоз во голем број земји насекаде низ светот, вклучувајќи ги и САД и земјите на Европската унија (ЕУ) и од Заливскиот регион.

Земја во која е остварен најголем извоз за 9 месеци во секторот на одбранбената и воздухопловната индустрија се САД со 595 милиони 248 илјади долари.

По САД следува Германија со извоз од 184 милиони 776 илјади долари, а потоа земја која увезе копнени оклопни возила од турската одбранбена инудстрија е Оман со извоз од 180 милиони 356 илјади долари.

Освен тоа, во Украина и Катар беа извезени и наоружани беспилотни летала Бајрактар ТБ2 (Bayraktar TB2), како прво домашно и национално наоружано беспилотно летало (СИХА или SİHA) на Турција.



Слични вести