Турција во септември 2019 година оствари извоз во висина од 15 милијарди 220 милиони долари

Министерката за трговија Рухсар Пекџан истакна дека Турција во месец септември оваа година оствари извоз во висина од 15 милијарди 220 милиони 3

1280642
Турција во септември 2019 година оствари извоз во висина од 15 милијарди 220 милиони долари

Турција остварениот извоз во месец септември оваа (2019) година го покачи над силниот перформанс во истиот месец (септември) минатата година и го зголеми на 15 милијарди 220 милиони долари. 

Министерката за трговија Рухсар Пекџан во градот Мерсин каде што отпатува ги соопшти бројките на остварениот извоз во месец септември 2019 година.

"Нашиот извоз во месец септември се искачи на над силниот перформанс во месец септември минатата година и изнесува 15 милијарди 220 милиони долари. Нашиот кумулативен извоз за 9 месеци од годината, во споредба со истиот период минатата година со раст од 2,56 отсто изнесува 132 милијарди 505  милиони долари. Нашиот увоз во месец септември со раст од 0,15 отсто изнесува 16 милијарди 961 милион долари." - рече Пекџан и својот говор ги продолжи со следните зборови: "Минатата година нашиот дефицит на надворешната трговија за 9 месеци изнесуваше 52,5 милијарди долари и значајно е тоа што со сериозен пад од 68,8 отсто опадна на 16,4 милијарди долари."

Министерката за трговија Рухсар Пекџан сподели и една радосна вест во врска со која рече: "Ексимбанката заклучно со денеска каматните стапки на кредитите во турски лири (ТЛ) ги повлече на 9, 61 отсто."



Слични вести