Германски „Фолксваген“ формира фирма во градот Маниса

Германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ во градот Маниса формира фирма по име „Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Şirketi“ („Акционерско друштво за автомобилска индустрија и трговија Фолксваген Турција“)

1280420
Германски „Фолксваген“ формира фирма во градот Маниса

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ формира своја фиорма во градот Маниса во Егејската област на Турција.

Според информациите во весникот на Трговскиот регистар на Турција, германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“ во градот Маниса формира фирма по име „Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Şirketi“ („Акционерско друштво за автомобилска индустрија и трговија Фолксваген Турција“) со капитал во износ од 943,5 милиони турски лири (приближно 164,6 милиони долари).

Фирмата е формирана со цел дизајнирање, производство и монтажа на автомобили, камиони и секој вид моторни возила и превозни средства, дизајнирање, производство и монтажа на нивните делови и компоненти и продажба, увоз и извоз на сиве овие производи, како и водење на сите други активности во оваа сфера.



Слични вести