Земјите на ЕУ во 2018 година увезоа кафе во износ од 7,8 милијарди евра

Во 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) во 2018 година се увезени 3 милиони 73 илјади тони кафе за што се потрошени вкупно 7 милијарди 826 милиони евра

1279626
Земјите на ЕУ во 2018 година увезоа кафе во износ од 7,8 милијарди евра

28 земји членки на Европската унија (ЕУ) во 2018 година увезоа кафе во вкупен износ од 7 милијарди 826 милиони евра.

Европската агенција за статистика Евростат, по повод 1 октомври Меѓународниот ден на кафето ги сподели податоците во врска со увозот на кафе. 

Според тоа, во 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) во 2018 година се увезени 3 милиони 73 илјади тони кафе за што се потрошени вкупно 7 милијарди 826 милиони евра.

Во наведениот период Германија увезе 1 милион 99 илјади тони кафе, Италија 587 илјади тони, Белгија 277 илјади тони, Шпанија 260 илјади тони, Франција 220 илјади тони и Велика Британија 193 илјади тони кафе.

На чело на земјите кои извезуваат кафе во земјите на Европската унија (ЕУ) пак, се наоѓа Бразил.

Бразил во 2018 година во земјите на Европската унија (ЕУ) оствари извоз на 901 илјади тони кафе.

По Бразил следуваат Виетнам со 770 илјади тони, Хондурас 228 илјади тони, Колумбија 173 илјади тони и Уганда со 161 илјада тони.



Слични вести