Европската комисија го одобри купувањето на Алерис од страна на Новелис

Лани компанијата Новелис на компанијата Авелис и предложи 2,6 милијарди долари

1279880
Европската комисија го одобри купувањето на Алерис од страна на Новелис

Европската комисија го одобри купувањето на Алерис од страна на американската компанија Новелис која произведува алуминиум.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Европската комисија беше истакнато дека купувањето на компанијата Алерис од страна на глобалниот алуминиумски производител Новелис нема неповолно да се одрази врз секторот поради што беше усвоена одлука за одобрување на купопродажбата.

Со цел да се спречи загриженоста од конкуренција, компаниите на Европската комисија и дале гаранција дека ќе ги отстранат единиците за производство на каросерија.

Лани компанијата Новелис на компанијата Авелис и предложи 2,6 милијарди долари.

Контролата на соединувањето на големите компании и нивната купопродажба во Европа се наоѓа меѓу овластувањата на Европската комисија.

Европската комисија во рамките на испитувањата и истрагите ги разгледува податоците и информациите за тоа дали станува збор за ситуации ко се косат со конкурентноста.

Во случај да се утврдат ситуации кои се косат со правилата за конкуренција, тогаш ЕУ Европската комисија има право да ги спречи соединувањата и купопродажбите на компаниите.



Слични вести