Извозот на Турција во август 2019 со раст од 1,6 отсто изнесува 12 милијарди 532 милиони долари

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и Министерството за трговија соопштија дека извозот во месец август оваа година во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 1,6 отсто изнесува 12 милијарди 532 милиони долари

1278778
Извозот на Турција во август 2019 со раст од 1,6 отсто изнесува 12 милијарди 532 милиони долари

Извозот на Турција во месец август оваа (2019) година во споредба со истиот месец минатата (2018) година со остварен раст од 1,6 отсто достигна до 12 милијарди 532 милиони долари.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и Министерството за трговија ги соопштија привремените статистички податоци за надворешната трговија во месец август оваа (2019) година.

Според тоа, извозот во месец август оваа година во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 1,6 отсто изнесува 12 милијарди 532 милиони долари.

Во месец август е забележан пад од 8,7 отсто во надворешниот трговски дефицит кој што е намален на 2 милијарди 406 милиони долари. Процентот на соодносот помеѓу увозот и извозот изнесува 84,5 отсто.

Извозот на Турција во периодот јануари-август 2019 година, за 8 месеци, во споредба со истиот осуммесечен период минатата (2018) година со остварен раст од 2,6 отсто се зголеми на 111 милијарди 358 милиони долари.



Слични вести