Берат Албајрак ја претстави новата економска програма за 2020-2022 „Трансформацијата започнува“

Министерот за трезот и финансии Берат Албајрак ја претстави новата економска програма (за 2020-2022 година) чија главна тема рече дека е „Трансформацијата започнува“

1278882
Берат Албајрак ја претстави новата економска програма за 2020-2022 „Трансформацијата започнува“

Министерот за трезот и финансии Берат Албајрак на одржаниот состанок за претставниците на печатот во Министерството ја претстави новата економска програма (за 2020-2022 година) чија главна тема рече дека е „Трансформацијата започнува“.

Велејќи дека е завршена првата година од Новата економска програма и дека на крајот на едногодишниот перформанс оваа програма е ревидирана и е започнат почетниот удар на втората година од програмата, министерот Албајрак потсети дека 2019 и 2020 година се дефинирани како „период на урамнотежување (балансирање)“.

Тој истакна дека на годишна база е соборен рекорд во тековниот вишок во историјата на Републиката и дека не се направени отстапки од прудентните монетарни и финансиски политики.

Нагласувајќи дека во овој период на чело на главните сфери на борба во економијата повторно ќе се најде инфлацијата, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече: „2019 година имаме за цел да ја оставиме зад нас со прогноза од 12 отсто инфлациона стапка. Поставената цел од 9,8 отсто за 2020 година ја ревидиравме на 8,5 отсто. Во 2021 година имаме за цел инфлациона стапка од 6 отсто, а во 2022 година инфлациона стапка од 4,9 отсто.“

Освен тоа, целта за раст во програмата се предвидува за 2019 година да изнесува 0,5 отсто, за 2020, 2021 и 2022 година по 5 отсто, целите за невработеност за 2019 година 12,9 отсто, за 2020 година 11,8 отсто, за 2021 година 10,6 отсто и за 2022 година 9,8 отсто.



Слични вести