Во пристаништето на Кушадаси се укотвија 3 џиновски крузери со 2.630 патници

Вчера наутро во пристаништето на Кушадаси „Еге Порт“ пристигнаа 3 џиновски бродови за крстарење, крузери на кои се наоѓаа 2.630 патници и 1.500 членови на посадата

1276177
Во пристаништето на Кушадаси се укотвија 3 џиновски крузери со 2.630 патници

Нашето познато туристичко одморалиште, населеното место Кушадаси кај градот Ајдин, како еден од значајните центри на туризмот со бродови за крстарење крузери, вчера го доживеа едниот од најраздвижените денови во оваа сезона. 

Вчера наутро во пристаништето на Кушадаси „Еге Порт“ пристигнаа 3 џиновски бродови за крстарење, крузери.

На крузерите „Wind Star“ и „Seven Seas Voyager“ кои пловеа под знамето на Бахамите и „Celestyal Olympia“ кој пловеше под знамето на Малта се наоѓаа 2.630 патници од кои повеќето Американци.

Еден дел од патниците кои слегоа од трите џиновски бродови за крстарење со автобуси учествуваа во тур патувањата посетувајќи ги античкиот град Ефес и куќата на Мајка Богородица.

Некоит од патниците туристи и персоналот составен од 1.500 лица пак, го прошетаа центарот на Кушадаси каде што освен тоа што шетаа беа и на шопинг.



Слични вести