Индустриското производство на Турција во јули 2019 со раст од 4,3 отсто

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство во месец јули 2019 година

1268796
Индустриското производство на Турција во јули 2019 со раст од 4,3 отсто

Индустриското производство на Турција во месец јули годинава, во споредба со претходниот месец (јуни) оствари раст од 4,3 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите на индексот на индустриското производство во месец јули 2019 година.

Според тоа, сезонски прилагоденото индустриско производство во јули во споредба со претходниот месец јуни оствари раст од 4,3 отсто.

Индексот во секторите на рударство и каменоломство во јули, во споредба со јуни забележа раст од 3,2 отсто, индексот во секторот на производствената индустрија е со раст од 4,7 отсто, додека индексот во секторите на електричната енергија, гасот, пареата и производството и дистрибуцијата на климатизација опадна за 0,5 отсто.



Слични вести