Гугл ќе и плати даночна казна на Франција

Гугл постигна согласност со Франција за исплата на 965 милиони евра во врска со решавањето на неколкугодишниот даночен спор

1268746
Гугл ќе и плати даночна казна на Франција

Интернет гигантот Гугл на Франција ќе и плати даночна казна во износ од 965 милиони евра.

Според веста на јавниот радидифузен сервис „Франс Инфо“, Гугл постигна согласност со Франција за исплата на 965 милиони евра во врска со решавањето на неколкугодишниот даночен спор.

500 милиони евра од овој износ ќе бидат исплатени согласно договорот со финансиската полиција на Парис во врска со истрагата за даночно затајување која трае од 2015 година.

Националното собрание на Франција во јули го одобри предлог-законот со кој се предвидува оданочување на интернет гигантите како што се Гугл, Ејпл, Фејсбук, Амазон. Според законот, даночната стапка на интернет гигантите во Франција ќе изнесува 3 отсто од стекнатите приходи.

Данокот ќе се спроведува над компаниите со глобален промет од 750 милиони евра и 25 милиони евра промет во Франција.

Од даночната стапка која што ќе се спроведува над околу 30 компании, Франција годинава се очекува да се стекне со приходи од 400 милиони, а идната година од 650 милиони евра.



Слични вести