Турција за 8 месеци во 2019 год. оствари извоз на свеж зеленчук и овошје од над 1,2 милијарди долари

Според податоците на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), Турција за 8 месеци од извозот на 1 милион 964 илјади 812 тони свеж зеленчук и овошје во 114 земји заработи приходи во износ од 1 милијарда 207 милиони 84 илјади 507 долари

1266063
Турција за 8 месеци во 2019 год. оствари извоз на свеж зеленчук и овошје од над 1,2 милијарди долари

Турција, во периодот јануари-август 2019 година, реализира извоз на свеж зеленчук и овојшје во 114 земји ширум светот и од тоа оствари приходи во износ од вкупно 1 милијарда 207 милиони 84 илјади 507 долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од источноцрноморската област (ДКИБ), Турција за 8 месеци од извозот на 1 милион 964 илјади 812 тони свеж зеленчук и овошје во 114 земји заработи приходи во износ од 1 милијарда 207 милиони 84 илјади 507 долари.

Во остварениот извоз на свеж зеленчук и овошје во наведениот осуммесечен период од Турција, на прво место се наоѓа Руската Федерација.

Во периодот јануари-август во 2019 година на Руската федерација и се продадени 455 илјади 190 тони свеж зеленчук и овошје од што се заработени 375 милиони 386 илјади 968 долари.

По оваа земја, редум следуваат Германија со приходи од 159 милиони 802 илјади 289 долари, Ирак 98 милиони 414 илјади 511 долари, Романија 81 милион 508 илјади 907 долари и Украина со 59 милиони 125 илјади 304 долари.



Слични вести