Извозот на суво грозје на Турција се зголеми на над 516 милиони долари

Турција во периодот од 1 септември 2018 година до 31 август 2019 година оствари извоз на 252 илјади тони суво грозје во 99 земји во светот во износ од 516 милиони 200 илјади долари

1264853
Извозот на суво грозје на Турција се зголеми на над 516 милиони долари

Извозот на суво грозје без семки во оваа сезона во споредба со претходната сезона со раст од 14 отсто се зголеми на 516 милиони 200 илјади долари.

Според податоците на Униите на извозниците од Егејската област, Турција во периодот од 1 септември 2018 година кога започна сезоната за извоз на суво грозје без семки до 31 август 2019 година кога заврши сезоната, оствари извоз на 252 илјади тони суво грозје во 99 земји во светот во износ од 516 милиони 200 илјади долари.

Во наведениот период најмногу суво грозје е извезено за Велика Британија во износ од 141 милиони 800 илјади долари.

По оваа земја на второ место е Германија со 58 милиони 600 илјади долари, а на трето е Холандија со 52 милиони долари.

26 земји од Европската унија (ЕУ) купија 77 отсто од извозот на суво грозје на Турција.

Во 26 земји на ЕУ е продадено суво грозје во износ од 399 милиони 800 илјади долари.



Слични вести