Пекџан: „Извозот на Турција во август се зголеми за 1,69 отсто “

Извозот на Турција во првите 8 месеци се зголеми за 2,9 отсто и достигна 117,2 милијарди долари

1263533
Пекџан: „Извозот на Турција во август се зголеми за 1,69 отсто “

Извозот на Турција во август се зголеми за 1,69 отсто и достигна 13 милијарди 150 милиони долари.

Министерката за трговија Рухсар Пекџан ги објави податоците за извозот во август.

Министерката Пекџан рече дека „извозот на Турција во август се зголеми за 1,69 отсто и достигна 13 милијарди 150 милиони долари.

Извозот на Турција во првите 8 месеци се зголеми за 2,9 отсто и достигна 117,2 милијарди долари. Стапката на покриеност на увозот со извозот во првите 8 месеци во споредба со лани кога изнесуваше 69,2 отсто во 2019 година се зголеми на 85,6 отсто“, рече Пекџан и додаде дека „надворешниот трговски дефицит“ во август во споредба со истиот период лани се намали за 9,88 отсто и изнесува 2 милијарди 376 милиони долари.



Слични вести