Од градот Сакарја за 7 месеци остварен извоз на автомобили во 131 земја
Од градот Сакарја за 7 месеци во 2019 година е остварен извоз на автомобили во 131 земја во износ од 3 милијарди 150 милиони 626 илјади долари

Градот Сакарја кој се наоѓа меѓу градовите локомотиви во автомобилскиот извоз на Турција, за 7 месеци во 2019 година реализира извоз во 131 земја во износ од 3 милијарди 150 милиони 626 илјади долари.
Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), од Сакарја град кој што по Истанбул, Коџаели, Бурса, Измир, Анкара и Газиантеп се наоѓа на 7-то место по извозот, во месец јули 2019 година е остварена надворешна продажба во износ од 511 милиони 383 илјади долари.
Од истиот град во месец јуни е остварен раст од 948 илјади долари, а во овој месец август е остварен раст во извозот од 54 отсто.
Од Сакарја за 7 месеци од оваа (2019) година е реализиран извоз во вкупно 131 земја и 11 слободни зони во износ од 3 милијарди 150 милиони 626 илјади долари.