Со 3 брода за крстарење крузери во Кушадаси дојдоа 2.850 туристи

Во пристаништето на туристичкото одморалиште Кушадаси „Ege Port“ се укотвија крузерите „Venndam“ и „Vind Star“ кои пловеа под знаме на Бахамите и „Celestyal Olympia“ кој пловеше под знамето на Малта, на кои се наоѓаа вкупно 2.850 патници

1252039
Со 3 брода за крстарење крузери во Кушадаси дојдоа 2.850 туристи

Во населеното место Кушадаси, едниот од значајните центри на туризмот со бродови за крстарење (крузери), кај градот Ајдин на егејското крајбрежје, со 3 брода за крстарење дојдоа  2.850 патници.

Во пристаништето „Ege Port“ се укотвија крузерите „Venndam“ и „Vind Star“ кои пловеа под знамето на Бахамите и „Celestyal Olympia“ кој пловеше под знамето на Малта.

Од трите брода за крстарење крузери слегоа вкупно 2.850 патници од кои поголемиот дел беа граѓани на Соединетите Американски Држави (САД).

Некои од патниците со помош на тур автобуси ги посетија куќата на Мајка Богородица и античкиот град Ефес во населеното место Ефес кај градот Измир, како и другите археолошки локалитети во подрачјето.

Некои од патниците кои не учествуваа во тур патувањата пак, претпочитаа да излезат на шопинг по туристичкото одморалиште Кушадаси.



Слични вести