Прв лет на „авионот од соништата“ на Туркиш Ерлајнс на линија Истанбул-Вашингтон

Авионот од соништата 787-9 Дримлајнер кој со своите први патници полета од Истанбулскиот аеродром пристигна на меѓународниот аеродром „Дулес“ во Вашингтон каде што беше пречекан со церемонија

1250656
Прв лет на „авионот од соништата“ на Туркиш Ерлајнс на линија Истанбул-Вашингтон

Новиот патнички авион „Боинг 787-9 Дримлајнер“ познат како „авион од соништата“ кој што пред кусо време беше приклучен кон флотата на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), го реализира својот прв лет на линија Истанбул-Вашингтон. 

Авионот од соништата 787-9 Дримлајнер кој со своите први патници полета од Истанбулскиот аеродром пристигна на меѓународниот аеродром „Дулес“ во Вашингтон.

Авионот го реализира своето прво слетување на аеродромот со аплаузи и на пистата беше пречекан со церемонија наречена „крунисување со вода“ со прскање со водени топови од страна на противпожарни возила. 

Надлежни на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) истакнаа дека првиот авион 787-9н Дримлајнер кој што пристигна од Истанбул целосно полн и дека од Вашингтон ќе се врати во Истанбул исто така целосно полн.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на крајот на јули оваа година го приклучи кон својата флота третиот од 30 патнички авиони B787-9 Дримлајнер за кои што потпиша договор за купување минатата година, а од кои 25 ќе бидат купени сигурно, а 5 ќе бидат опционални.

Првиот патнички авион од соништата на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) на кој му беше му е дадено името „Мачка“, а во чест на 15-годишното момче Ерен Булбул кое во истоименото насено место во близина на градот Трабзон во 2017 година беше убиено од  страна на терористите на терористичката организација ПКК,  својот прв лет го реализира на 8 јули за градот Трабзон.

Истиот авион својот прв меѓународен лет го реализира на 17 јули од Истанбул за главниот град на Бали, Денпасар.



Слични вести