Извозот на накит и скапоцени камења во јуни се зголеми за 9,52 отсто

Најголем извоз на накит и скапоцени камења во јуни беше остварен во земјите членки на ЕУ

1237347
Извозот на накит и скапоцени камења во јуни се зголеми за 9,52 отсто

Извозот на накит и скапоцени камења во јуни се зголеми за 9,52 отсто.

Извозот на накит и скапоцени камења во јуни во споредба со истиот период лани се зголеми за 9,52 отсто и изнесува 216 милиони 760 илјади 374 долари.

Унијата на извозниците на накит со писмено соопштение ги објавени податоците за извоз на накит и скапоцени камења во јуни.

Според овие податоци, извозот на накит и скапоцени камења во јуни во споредба со истиот период лани се зголеми за 9,52 отсто и достигна 216 милиони 760 илјади 374 долари. На тој начин вкупниот извоз на накит и скапоцени камења во првите шест месеци на годинава изнесува 1 милијарда 652 милиони долари.

Најголем извоз на накит и скапоцени камења во јуни беше остварен во земјите членки на ЕУ и зинесуваше 97,6 милиони долари. По ЕУ, следуваат другите европски земји во кои беше остварен извоз од 41,7 милиони долари, Во земјите од Блискиот и Среден исток беше оставрен извоз на накит во износ од 31,8 милиони долари, додека во другите Азиски земји извоз од 18,8 милиони долари. Во земјите од Северна Африка беше оставрен извоз од 12,3 милиони долари.

На врвот на списокот на земјите во кои во јуни беше остварен најголем извоз на накит се наоѓа Британија со 67,5 милиони долари, додека во споредба со лани истиот период беше забележан раст од 2812 отсто. По Британија селдува Швајцарија со 31,9 милиони долари, Хонг Конг со 14,2 долари, Обединетите Арапски Емирати со 12,3 милиони долари, САД со 9,6 милиони долари, Германија со 8,6 милиони долари и Израел со 8,5 милиони долари.

Најголем удел во вкупниот извоз на накит од 216,7 милиони долари на Турција во јуни во странство со  49 отсто односно 105,7 милиони долари има необработеното или полуобработеното злато.



Слични вести