Турција во мај оствари трговски суфицит со ЕУ

Извозот на Турција во првите 5 месеци во ЕУ во споредба со увозот изнесува 4,2 милијарди евра повеќе.

1236772
Турција во мај оствари трговски суфицит со ЕУ

Турција во мај оствари трговски суфицит со ЕУ во износ од 576,5 милиони евра.

Европската агенција за статистика (Еуростат) ги објави меѓународните податоци на ЕУ и Еврозоната за мај .

Според податоците, Турција во мај оствари извоз во ЕУ во износ од 6 милијарди 873,8 милиони евра, а увоз од 6 милијарди 309,3милиони евра. На тој начин Турција во мај постигна трговски вишок од 564,5 милиони евра.

Турција во извозот со земјите членки на ЕУ од август 2018 година наваму оствари трговски суфицит. Трговскиот суфицит на Турција со ЕУ во август изнесуваше 745,5 милиони евра, во септември 467,7 милиони евра, во октомври 1 милијарда 723,7 милиони евра, во ноември 1 милијарда 485,7 милијарди евра, во декември 765,8 милиони евра, во јануари 1 милијарда 783,7 милиони евра, во февруари 841,1 милион евра, во март 126,8 милиони евра, во април 857,8 милиони евра. На тој начин Турција во трговијата со ЕУ во последните 10 месеци оствари трговски суфицит.

Турција во првите 5 месеци на годинава во ЕУ оствари извоз од околу 34 милијарди евра, а увоз од ЕУ во износ од 29,8 милијарди евра. Извозот на Турција во првите 5 месеци во ЕУ во споредба со увозот изнесува 4,2 милијарди евра повеќе.



Слични вести