Турција, земја партнер на Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“ во Екатеринбург во Русија

Портпатолот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека на Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“ кој што ќе се одржи од 8 до 11 јули во Екатеринбург, а чиј земја партнер ќе биде Турција, ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин

Турција, земја партнер на Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“ во Екатеринбург во Русија

Рускиот претсеадтел Владимир Путин ќе учествува на Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“, како една од најзначајните индустриски манифестации на Русија, чиј земја партнер ќе биде Турција.

Портпатолот на Кремљ Дмитриј Песков во дадената изјава за новинарите истакна дека претседателот Путин ќе учествува на Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“ кој што ќе се одржи од 8 до 11 јули во Екатеринбург.

Велејќи дека претседателот Путин ќе учествува на различни манифестации и програми кои што ќе се доржат во рамките на саемот, Песков напомена дека рускиот лидер ќе одржи и говор на Самитот за глобално производство и индустријализација кој што ќе се одржи исто така во рамките на саемот.

На Меѓународниот саем за индустрија „INNOPROM“ освен министерот за индустрија и трговија Мустафа Варанк се очекува да учествуваат и голем број функционери и претставници на фирми од Турција.

Во рамките на разговорите кои што ќе ги оствари овде министерот Варанк се очекува да се состане и со рускиот министер за трговија и индустрија Денис Мантуров и со голем број руски функционери.



Слични вести