Турција на трето место во Европа во обновливите извори на енергија

Претседателот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол рече дека Турција во растот на инсталирана моќ за обновливи извори на енергија се наоѓа на трето место во Европа

Турција на трето место во Европа во обновливите извори на енергија

Претседателот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол говореше на панелот во организација на „STM ThinkTech“, првиот мисловен центар на Турција фоккусиран на технологија и истакна дека во револуцијата на обновливи извори на енергија која што најпрвин започна во Европа моментално е лидер Кина.

Бирол рече дека Турција во растот на инсталирана моќ за обновливи извори на енергија се наоѓа на трето место во Европа.

Велејќи дека Турција овој успех го постигна во последните 5 години и рече: „Турција која е на третото место, веднаш по Германија и Велика Британија, се наоѓа пред Шпанија, Франција и други земји кои уште од почетокот покажуваат голема заинтересираност кон ова прашање. Тоа претставува многу убав успех, меѓутоа нашиот потенцијал е крајно висок.“

Претседателот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) Фатих Бирол напомена дека 2018 година беше златна година за природниот гас и додаде дека развојот со кој што се стекна Кина во овој сектор произлегува особено од нејзината цел за намалување на големата загаденост на воздухот во градовите во оваа земја.



Слични вести