Туристичкиот центар Памуккале за 6 месеци во 2019 година го посетија над 1 милион посетители

Памуккале, познат туристички центар на Турција, за 6 месеци (јануари-јуни) оваа година го посетија над 1 милион посетители

1230198
Туристичкиот центар Памуккале за 6 месеци во 2019 година го посетија над 1 милион посетители
Pamukkale.jpg
pamukkale.jpg
Pamukkale 8.jpg
thumbnail_33397,unescopamukkale2jpg.jpg
Pamukkale.jpg

Познатиот туристички центар на Турција Памуккале кој се наоѓа и во списокот на Светското наследство на УНЕСКО во првите 6 месеци од оваа (2019) година го посетија над 1 милион посетители.

Памуккале кој со своите травертени со единствена убавина, лековитите термални води и античките градови во околината ги привлекува посетителите во секое годишно време и кој се нарекува „бел рај“, продолжува да ги пречекува своите гости и во лето.

Домашните и странските туристи кои доаѓаат во Памуккале како место кое се наоѓа и меѓу рутите за посета, како во текот на работните денови во неделата, така и викендите, овде вкусуваат различни убавини, шетаат по травертените и се капат во лековитите води. 

Претседателот на Здружението на туристичките хотели и хотелиери во Денизли Гази Мурат Шен истакна дека оваа година туристичката сезона поминува мошне берикетна и рече: „Кога ќе погледнеме кон првите 6 години од годината бројот на туристите кои дојдоа во белиот рај изнесува над 1 милион. Минатата година во истиот период имавме приближно 780 илјади посетители. Според минатата година е остварен раст од околу 23 отсто. Правиме се што е во наша можност до крајот на годината да пречекаме 3 милиони туристи.“



Слични вести