За 6 месеци во 2019 година од Анталија, Бурдур и Испарта е остварен извоз од над 921 милион долари

Претседателот на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (BAİB) Хакки Бахар истакна дека за 6 месеци од западносредоземноморската област на Турција е остварен извоз во износ од 921 милион 455 илјади 278 долари

1229404
За 6 месеци во 2019 година од Анталија, Бурдур и Испарта е остварен извоз од над 921 милион долари

Во првата половина на оваа (2019) година во перидот јануари-јуни (за 6 месеци) од западносредоземноморската област на Турција е остварен извоз во износ од вкупно 921 милион 455 илјади 278 долари.

Претседателот на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (BAİB) Хакки Бахар во објавеното писмено соопштение истакна дека остварениот извоз од областа само во месец јуни изнесува 129 милиони 552 илјади 975 долари.

Велејќи дека најголемиот извоз во периодот 1 јануари-30 јуни (за 6 месеци) во 2019 година е остварен во свеж зеленчук, а вториот по големина извоз во рударството, Хакки Бахар рече: „Во првата половина на годината (2019) од западносредоземноморската област која ги опфаќа градовите Анталија, Бурдур и Испарта, е остварен извоз во износ од 921 милион 455 илјади 278 долари. Извозот на овие два сектори (свеж зеленчук и рударство) кои што се локомотива на извозот од областа, изнесува приближно половина милијарда долари.  Секторот на железо и метали надвор од железото се најде меѓу првите  5 сектори со најголем извоз и со раст во извозот од 65 отсто стана сектор со остварен најголем раст во извозот.“

Претседателот на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област (BAİB) Хакки Бахар додаде дека најголемиот извоз од западносредоземноморската област исто како и во претходните години е остварен за Народна Република Кина.



Слични вести