Русија реализира испорака на 3 хеликоптери од типот Ka-32 на Турција

Генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински изјави дека согласно потпишаниот договор минатата година за извоз на повеќенаменски хеликоптери од типот Ka-32A11BC на Турција се предадени 3 од овие хеликоптери

1229457
Русија реализира испорака на 3 хеликоптери од типот Ka-32 на Турција

Русија реализира испорака на 3 хеликоптери од типот Ka-32 на Турција.

Генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ на руската државна компанија за одбранбена индустрија „Ростех“ Андреј Богински во дадената изјава за руската новинска агенција „РИА Новости“ потсети дека договорот за извоз на повеќенаменските хеликоптери од типот Ka-32A11BC во Турција беше потпишан минатата година.

Богински напомена дека во тие рамки на Турција и се предадени 3 хеликоптери.

Велејќи дека договорот беше исполнет оваа година, Андреј Богински рече: „Завршена е испораката во рамките на потпишаниот договор минатата година за извоз на повеќенаменските хеликоптери од типот Ka-32A11BC. Моментално се консултираме за нови испораки на Турција.“

Хеликоптерите од типот Ka-32A11BC кои што се користат во борбата против пожари и во задачи за пребарување и спасување, истовремено можат да заземат задача и во градежни работи.

Генералниот директор на „Хеликоптери на Русија“ на руската државна компанија за одбранбена индустрија „Ростех“ Андреј Богински во изјавата што ја даде пред извесно време истакна дека Турција располага со успешни искуства во производството на воени хеликоптери и го додаде следното: „Искористувајќи ги деловите кои што се произведуваат во Турција би можеле да произведеме руски хеликоптери. Како Русија сметаме дека може да реализираме и заедничко производство на хеликоптери со Турција.“



Слични вести