Министерот Берат Албајрак: Продолжува трендот на пад на инфлацијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во својата објава што ја сподели на Твитер истакна дека продолжува трендот на пад на инфлацијата и напиша: „Со бројките за јуни стигнавме под нашата годишна цел“

1229694
Министерот Берат Албајрак: Продолжува трендот на пад на инфлацијата

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак на својата сметка на социјалната мрежа Твитер направи проценка во врска со бројките за инфлационата стапка за месец јуни кои што беа соопштени од страна на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК).

Албајрак во својата објава истакна дека продолжува трендот на пад на инфлацијата и напиша: „Со бројките за јуни стигнавме под нашата годишна цел.“

Укажувајќи на тоа дека продолжува трендот на пад на инфлацијата и дека со бројките за инфлацијата за месец јуни е достигнато под годишната цел, министерот Берат Албајрак ја изнесе следната констатација: „Нашите придобивки на страната на храната ќе го зачуваме особено со нашите структурални чекори и најпрвин ќе ги видиме едноцифрените инфлации, а потоа годината ќе ја завршиме со процент под нашите годишни цели.“

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во својата објава сподели и инфографика во врска со нивото до кое се дојдени инфлационите бројки и го напиша следното: „Со позитивниот придонес на процесот на балансирање, е овозможен пад под нивото од јули 2018.“



Слични вести