ТАНАП спремен за испорака на азербејџанскиот гас во Европа

Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) од 1 јули (денеска) е подготвен природниот гас од Гасното поле „Шах Дениз 2“ во Азербејџан преку територијата на Турција да го испорачува кон Трансјадранскиот гасовод (ТАП) на турско-грчката граница

1228144
ТАНАП спремен за испорака на азербејџанскиот гас во Европа
tanap.jpg
tanap.jpg
tanap.jpg

Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) кој што е најдолгата алка од Јужниот гасен коридор, од денеска е спремен за испорака на природниот гас од Азербејџан во Европа.

Според објавеното соопштение од ТАНАП, заврши изградбата на кракот во должина од 1.850 километри кој што од населеното место Пософ кај градот Ардахан влегува на територијата на Турција и поминувајќи низ 20 градови, 67 населени места и 600 села преку населеното место Ипсала кај Едирне на границата со Грција се поврзува со Европа.

ТАНАП од 1 јули е подготвен природниот гас од Гасното поле „Шах Дениз 2“ во Азербејџан да го испорачува кон Трансјадранскиот гасовод (ТАП) на турско-грчката граница.

Откако ќе биде завршена  изградбата на Трансјадранскиот гасовод (ТАП), азербејџанскиот гас почнувајќи од наредната година ќе пристигне на европскиот пазар.

На тој начин Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) кој на турско-грчката граница е соединет со Трансјадранскиот гасовод (ТАП) се стекна со титулата најдолг и најширок гасовод на Турција, Блискиот исток и Европа.

Инаку, протокот на трговски гас за Турција преку ТАНАП чија изградба е завршена со инвестиции од приближно 7 милијарди долари, започна на 30 јуни 2018 година.



Слични вести