Анталија оваа година се подготвува да го собори соствениот рекорд во бројот на странски туристи

Во Анталија оваа година само во месец јуни дојдоа вкупно 2 милиони 204 илјади 220 странски туристи, додека во периодот јануари-јуни допатуваа вкупно 5 милиони 344 илјади 10 странски туристи

1228225
Анталија оваа година се подготвува да го собори соствениот рекорд во бројот на странски туристи

Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам на градот Анталија, овој наш најопознат туристички центар кој минатата (2018) година пречека приближно 14 милиони странски туристи, оваа (2019) година се подготвува да го собори сопствениот рекорд.

Во Анталија само во месец јуни дојдоа вкупно 2 милиони 204 илјади 220 странски туристи, додека бројот на домашните туристи изнесуваше 76 илјади 614.

Анталија минатата (2018) година истиот месец (јуни) пречека 2 милиони 3 илјади 195 странсти туристи.

Во бројот на странските туристи кои дојдоа во градот за 6 месеци пак, е остварен раст од 16,84 отсто.

Минатата (2018) година во периодот јануари-јуни во Анталија дојдоа вкупно 4 милиони 573 илјади 819 странски туристи, додека оваа (2019) година во истиот период од 6 месеци (јануари-јуни) допатуваа вкупно 5 милиони 344 илјади 10 странски туристи.

Бројот и на домашните туристи во споредба со минатата година, оваа година со раст од 6,33 отсто изнесува 247 илјади 986.

Кога ќе се погледне кон земјите од кои дојдоа најголем број туристи во Анталија, на прво место се наоѓа Русија.

Во месец јуни оваа (2019) година во градот дојдоа 865 илјади 310 руски туристи, додека во периодот јануари-јуни го посетија 2 милиони 112 илјади 67 руски туристи.

Кај руските туристи во споредба со минатата година оваа година е остварен раст од 4,16 отсто.

По Русија по бројот на туристи на второ место се наоѓа Германија со 941 илјада 406 туристи, а трета е Украина со 319 илјади 395 туристи. Од Англија дојдоа 292 илјади 616, а од Полска 198 илјади 812 туристи.

Според редоследот на туристи кои дојдоа во Анталија меѓу првите 10 земји се наоѓаат и Холандија, Литванија, Казахстан, Романија и Шведска.



Слични вести